Колач со смокви и јаткасти плодови

Состојки:

3 јајца

½ чаша (110 г) АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

125 г пржени лешници, крупно исецкани

90 г бадеми, крупно исецкани по должина

125 г суви смокви, крупно исецкани

125 г мешано суво овошје, крупно исецкано

90 г темно чоколадо, ситно исецкано

1¼ чаши (185 г) брашно со додаток за дигање

 

Подготовка: Во сад со средна големина, со електричен миксер изматете јајца и шеќер правејќи лесна и пенаста смеса, а потоа префрлете ја во поголема чинија.

Додадете лешници, бадеми, смокви, суво овошје и чоколадо и полека измешајте.

Потоа додадете просеано брашно. Смесата претурете ја во намастена тепсија или калап за леб (15 см х 25 см) и печете во рерна на средна температура околу 1 час или додека колачот не се  испече и не добие светло кафеава боја. Оставете го колачот малку да се излади во тепсија па префрлете го на решетка од рерната за потполно да се излади пред сечење.