Состојки:
185 г обични чоколадни бисквити, ситно издробени
90 г омекнат путер
½ чаша (125 мл) слатка павлака
60 г темно чоколадо, крупно изрендано
За фил:
625 г рикота сирење
1 чаша (160 г) АГРАГОЛД шеќер во прав
1 лажичка ванила екстракт
2 лажица чоколаден ликер
2 лажица исецкано мешано суво овошје
60 г темно чоколадо, крупно изрендано
Подготовка: Измешајте бисквити и путер во чинија со средна големина и рамномерно распоредете во тркалезен калап за торта (ø 20 см). Ставете го калапот во фрижидер да се излади додека го подготвувате филот.
Фил: Во поголем сад ставете сирење, шеќер, екстракт од ванила и чоколаден ликер и матете со елетричен миксер додека добиете пенаста смеса. Додадете суво овошје и чоколадо и добро промешајте.
Со лажица распоредете го филот преку бисквитите и ставете во фрижидер да се лади најмалку 6 часа. Непосредно пред сервирање, со електричен миксер изматете слатка павлака и распоредете ја на колачот.
Посипете со чоколадо.