Колач со бадеми

Состојки:

4 големи јајца

1/3 чаша (75 г) АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

1 лажичка нарендана кора од лимон

1/3 чаша (50 г) обично брашно

1/4 чаша (35 г) пченкарно брашно

1/4 чаша (30 г) бадемово брашно

30 г путер, омекнат

340 г желе од црвена рибизла во тегла

1½ чаша (120 г) тостирани исецкани бадеми

 

За прелив:

3½ чаши (410 г) бадемово брашно

1/3 чаша (75 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

6 жолчки

100 мл рум

1 белка од јајце

 

Подготовка: Во помал сад, со електричен миксер изматете јајца, шеќер и кора од лимон правејќи густа и кремаста смеса, додека не го пополни садот до врв. Ставете брашно, пченкарно брашно, бадемово брашно и путер. Претурете ја смесата во намастен и набрашнет подлабок кружен калап за торта со пречник од 20 см. Печете на умерена температура околу 30 минути или додека колачот не се испече. Истресете го колачот на решетка од рерна и оставете да се излади преку ноќ.

Прелив: Измешајте бадемово брашно и шеќер и постепено додадете жолчки измешани со рум и се добро измешајте. На крај додадете ја белката и уште еднаш добро измешајте.

Пресечете го колачот хоризонтално на три еднакви слоја. Ставете го првиот слој на плех и намачкајте со танок слој желе. Одозгора ставете друг слој кора и повторно намачкајте со желе,  па ставете го третиот слој кора.

Површината на целиот колач намачкајте ја со прелив кој треба да биде подебел на горната површина на колачот, отколку на страните. Ако смесата е прегуста за мачкање, додадете малку изматена белка.

Печете на највисока температура околу 10 минути или додека колачот не побели од страна. Веднаш извадете од рерна и оставете да се излади 10 минути. Истопете го остатокот од желе во помал лонец и намачкајте ја цела површина на колачот. Слојот од желе прекријте го и декорирајте со насецкани бадеми. Оставете колачот потполно да се излади пред сечење.