Зупа инглесе (Zuppa Inglese – италијански десерт со пишкоти и ванила)

Состојки:

6 јајца

1¼ чаша (275 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

1 чаша (150 г) обично брашно

½ чаша (75 г) пченкарно брашно

1½ лажичка сода бикарбона

2/3 чаша (160 мл) млеко

2 лажички рум

500 г тенко исечкани јагоди

2 2/3 чаши (600 мл) слатка павлака

2 дополнителни лажички АГРАГОЛД бел кристален шеќер

 

За крем фил:

½ чаша (75 г) пченкарно брашно

½ чаша (60 г) прашак за крема

½ чаша (110 г) АГРАГОЛД шеќер во прав

600 мл млеко

2 лажички ванила екстракт

1 1/3 чаша (300 мл) слатка павлака

30 г путер

2 жолчки од јајца

 

Подготовка: Јајцата добро да се изматат во густа и кремаста смеса. Постепено додадете шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Постепено ставајте просеано брашно, пченкарно брашно и сода бикарбона. Претурете ја смесата во подлабок, намастен тркалезен калап за торти со пречник 28см. Печете на умерена температура околу 35 минути или додека колачот не се одвои од калапот, па истресете го колачот на решетката во рерна и оставете да се лади.

Крем фил: Во голем лонец измешајте пченкарно брашно, прашак за крем и шеќер. Постепено додадете млеко и мешајте додека смесата не стане мазна и без грутки. Додадете екстракт од ванила и слатка павлака па мешајте додека смесата не се соедини. Мешајте на тивок оган додека кремата не проврие и не стане цврста. Додадете путер, па со постојано мешање варете уште 3 минути во отворен лонец. Тргнете го лонецот од оган. На крај додадете жолчки и добро измешајте. Кремата ставете ја во сад со средне величина, и прекријте со прозирна фолија. Оставете да се излади па добро изматете.

Колачот пресечете го хоризонтално за да добиете три кори. Ставете ја првата кора во калапот во кој го печевте колачот. Премачкајте го колачот со млеко, во кое претходно ставивте рум. Одогзора намачкајте рамномерно половина од смесата од кремастиот фил. Наредете половина од јагодите преку кремот. Одозгора ставете ја другата кора, која исто така ја премачкавте со  млеко и рум. Ставете го остатокот од крем и јагоди. На крај ставете трета кора, премачкајте со останатата смеса од млеко и рум. Покријте со проѕирна фолија и ставете го колачот во фрижидер неколку часа или преку ноќ.

Ставете го колачот на чинија за сервирање. Изматете слатка павлака со дополнителните лажички шеќер, во мека и густа смеса. Премачкајте го целиот колач со кремот.

*Предлог за сервирање: Колачот може да се украси со свежо овошје, по желба.