Забајоне

Состојки:

5 жолчки од јајца

¼ чаша (55 г) АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

½ чаша (125 мл) десертно вино

¼ чаша (60 мл) суво бело вино

 

Подготовка: Изматете ги жолчките и шеќерот со електричен миксер во огноотпорен сад со средна големина, додека смесата целосно не се соедини. Ставете го садот со смесата над лонец со средна големина во кој има вода што врие. Во смесата постепено додадете половина од десертното вино и половина бело вино, потоа добро измешајте. Постепено додадете го остатокот од десертното и белото вино.

Мешајте без престанок 10 минути или додека не забележите дека смесата е густа и кремаста. Доколку смесата почне да се лепи за лонецот, тргнете го од рингла и промешајте со дрвена лажица – особено на дното на лонецот.

Претурете ја смесата во сад и по желба сервирајте ја со колачи.

 

*Предлог за сервирање: Забајоне кремата може да послужи као идеалан прелив за свежо овошје или како топол прелив за сладолед.