Ѕвездички со мармалад

Состојки:
300 г пченично глатко брашно тип 550
60 г густин
90 г АГРАГОЛД шеќер во прав
200 г путер
60 г мелени бадеми или лешници
4 жолчки

За филот:
300 г мармалад од кајсии или по желба
рум

За посипување:
100 гр АГРАГОЛД шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер

Подготовка: Брашното, шеќерот, густинот, оладениот путер (исецкан на ливчиња), бадемите и жолчките, се матат за да се добие кршливо тесто, па се остава во фрижидер околу еден час.

Тестото тенко се сука и се сече со калап за ѕвездички. Половина од ѕвездичките дупнете ги во средината и извадете дупчиња (ѕвездички), а другата половина од ѕвездичките оставете ги цели. Сите ѕвездички наредете ги во намастен плех една до друга и печете 10 минути на темература од 200°Ц.

Печените ѕвездички со дупчиња посипете ги со шеќер во прав и со ванилин шеќер. Ѕвездичките кои се цели (без дупчиња во средината) премачкајте ги со мармалад, во кој претходно сте ставиле малку рум и преклопете ги со дупнатите и посипани со шеќер ѕвездички.

*Совет: Тестото можете да го сечете и во други облици по желба.