Штрудла со вишни и ванила

Состојки:
Кори за штрудла
1 пакетче свежи или смрзнати вишни
1 кисела павлака
малку масло
3 лажици АГРАГОЛД бел кристален шеќер
3 неполни лажици  лебни трошки
1 кесичка ванилин шеќер
2 пудинга од ванила
1 јајце
4 дл млеко

Подготовка: Овошјето и шеќерот се растопуваат на шпоретот, се трга од оган, се додаваат лебните трошки и се меша. Се варат два пудинга од ванила со млеко. Се додаваат павлаката, јајцето и малку масло (или путер) и со добиената смеса се премачкуваат корите.

Се реди кора по кора, секоја премачкана со добиената смеса. На секои 3 кори се полева од пудингот и овошјето, па се прават ролни. Постапката се повторува со преостанатите кори сé додека не се потрошат пудингот и овошјето.

Ролните од штрудла се редат во плех за печење, се премачкуваат со остатокот од смесата за кори и се пече на 200°Ц околу 20 минути.