Сладолед од лимон

Состојки:

½ чаша (110 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

½ чаша вода

½ чаша слатко или суво бело вино

½ чаша (125 мл) исцеден сок од лимон

1 белка од јајце

 

Подготовка: Ставете шеќер, вода и вино во мал лонец, мешајте на тивок оган додека шеќерот не се стопи. Кога ќе зоврие смесата, намалете ја температурата. Оставете полека да врие 10 минути во отворен лонец, потоа отстранете го од рингла да се олади.

Во смесата додадете сок од лимон и добро измешајте. Претурете ја смесата во средно длабока тепсија и оставете ја еден час во замрзнувач.

Откако смесата ќе ја извадите од замрзнувачот, претурете ја во сад со средна големина. Матете со вилушка додека смесата не биде потполно мазна. Со електричен миксер изматете белка од јајце па додадете ја во смесата со лимон. Вратете ја во истата тепсија и замрзнете го сладоледот.