Сладок двопек со анасон

Состојки:

125 г путер

¾ чаша (165 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

3 јајца

2 лажици ракија

1 лажици изрендана кора од лимон

1½ чаша (225 г) обичен брашно

¾ чаша (110 г) брашно со додаток за дигање

125 г бланширани и тостирани бадеми, крупно насецкани

1 лажица мелен анасон

 

Подготовка: Со електричен миксер, во поголем сад, изматете путер и шеќер правејќи кремаста смеса. Додадете едно по едно јајце и потоа изматете смеса. Додадете ракија и кора од лимон, потоа добро промешајте. На крај во смесата ставете брашно.

Во тестото додадете бадеми и анасон, прекријте и ставете го во ладилник 1 час.

Тестото поделете го на два дела и ставете го на намастен плех. Секоја половина обликувајте ја во ролна со дебелина од 5 см и должина од 30 см.

Тестото печете го во рерна загреана на средна температура околу 20 минути или додека не добие златна боја. Извадете од рерна и оставете да се излади на плех. Со запчест нож пресечете дијагонално парчиња со дебелина 1 см. Потоа наредете ги на подмачкан плех и печете во рерна околу 25 минути на умерена температура, додека не се исушат и не станат крцкави.

 

*Совет: Откако ќе се изладат, парчињата може подолго да останат свежи во сад што не пропушта воздух.