Сицилијански крем бисквит

Состојки:

1 ¾ чаша (260 г) брашно со додаток за дигање на тесто

60 г путер

½ чаша (110 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

1 лажичка нарендана кора од лимон

1 лажичка екстракт од ванила

1 јајце

¼ чаша (60 мл) млеко

1 лажица вода

1 лажица ликер

Шлаг

АГРАГОЛД шеќер во прав

 

Подготовка: Ставете брашно и путер во голема чинија и измешајте со рака, па додадете шеќер и промешајте се заедно. Направете вдлабнатина во средина на смесата и додадете кора од лимон, екстракт од ванила, јајце и млеко и замесете тесто.

Ставете тесто на побрашнета работна површина и месете додека не стане мазно. Тестото треба да биде меко и еластично.

Полека развлечете тесто со дебелина од 1 см. Со тркалезен калап со пречник 5 см изрежете кругови. Наредете ги со 2,5 см раздалечина на намастен плех и печете на умерена температура ококу 15 минути или додека тестото не добие златно кафена боја. Оставете да се излади на решетката во рерна.

Кога ќе се излади, пресечете го секој бисквит хоризонтално со ребраст нож. Пресечените страни  намачкајте ги со смеса од вода и ликер. Спојте ги со бисквит крема и одозгора посипете со шеќер во прав.