Панфорте ди Сиена (традиционалeн италијански колач)

Сoстојки:

125 г бланширани бадеми, тостирани и крупно исецкани

125 г пржени лешници, крупно исецкани

60 г кандирани кајсии, ситно исецкани

60 г кандиран ананас, ситно исецкан

60 г мешано суво овошје, ситно исецкано

2/3 чаша (100 г) обично брашно

2 лажица какао во прав

1 лажичка мелен цимет

1/3 чаша (75 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

½ чаша (175 г) мед

60 г темно чоколадо, истопено со АГРАГОЛД шеќер во прав

 

Подготовка: Во поголем сад ставете бадеми, лешници, кајсија, ананас, суво овошје, какао и цимет и добро измешајте.

Намастете подлабок кружен калап со пречник 20 см и обложете го со хартија за печење.

Во сад со средна големина ставете шеќер и мед и варете на тивок оган додека шеќерот не се стопи. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и мешајте уште 5 минути. Добиениот сируп и чоколадото додадете го во смесата со бадеми и лешници и добро измешајте.

Смесата брзо и рамномерно истресете ја во подготвениот калап и печете во рерна на средна температура околу 35 минути. Готовиот колач извадете го од рерна и изладете го во калапот. Извадете го колачот со хартијата за печење, отстранете ја, и колачот замотајте го во  алуминиумска фолија. Оставете така да отстои најмалку еден ден пред сечење. Пред сервирање, колачот посипете го со шеќер во прав.

*Совет: Колачот може да остане свеж, замотан во алу-фолија на собна температура, и до неколку седмици.