Рафаело торта

Состојки:
7 белки
150 г АГРАГОЛД бел кристален шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашак за печиво
70 г пченично остро брашно тип 400
150 г кокосово брашно

За кремот:
7 жолчки
2 кесички пудинг од ванила
700 мл млеко
100 гр путер
100 гр АГРАГОЛД шеќер во прав
500 мл слатка павлака

Останати состојки:
12 парчиња бисквити
100 мл млеко
2-3 лажици ликер од вишни
50 гр кокосово брашно за посипување

Подготовка: Белките цврсто се матат, па постепено се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер. Брашното се меша со прашакот за печиво, па се додаваат во смесата од белки и заедно се матат. На крај се додава кокосовото брашно и малку се промешува.

Готовата смеса се влева во калап за торта (ø 26 см) обложен со мрсна хартија за печење. Се пече во рерна на 170 °Ц околу 15-20 минути додека кората малку  да пожолти. Оладениот колач се става на чинија и по потреба малку се навлажнува со млеко.

Крем: Жолчките се матат со пудингот и со 200 мл млеко. Преостанатото млеко се вари, па се меша со подготвената смеса. Се вари постојано мешајќи сé додека смесата не се згусне. Се трга од оган и се остава да се олади. Со миксер се мешаат путерот и шеќерот, па се додаваат во оладената смеса. Слатката павлака се меша за да се добие шлаг пена, по што се меша во кремот.

Половина од кремот се става на кората, потоа се редат бисквитите претходно потопени во млеко и ликер, па преку нив се става остатокот од кремот.

Тортата се посипува со кокосово брашно, се остава да се олади и спремна е за послужување.

*Совет: Кремот може да го нанесете со помош на ободот од калапот за торта, што ќе го отстраните откако кремот ќе се зацврсне. Колачот на крај ќе го посипете со кокосово брашно.