Панакота

Состојки:
0,5 лит. млеко (со повеќе м.м.)
0,5 лит. павлака за готвење
150 гр АГРАГОЛД бел кристален шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка бел мелен желатин

За прелив:
300 гр свежо или смрзнато шумско овошје
2 лажици АГРАГОЛД шеќер во прав

Подготовка: Во шољичка се меша желатинот со неколку лажички вода и се остава да набабри. Во меѓувреме се вари млекото во кое претходно сме ги додале павлаката, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се трга од огнот и после неколку минути се додава желатинот. Се меша додека не се растопи.

Се сипа во калап (што претходно сме го навлажниле со вода) и го оставаме да се излади, па, потоа го ставаме во фрижидер најмалку 5 часа пред да го сервираме.

Прелив: Кратко се вари овошјето со шеќерот, притоа пазејќи да остане цело, па изладено се прелива преку панакотата.

*Совет: Панакотата може да ја чувате неколку дена во фрижидер покриена со фолија.