Мохито коктел

Состојки:
0,05 лит. рум
половина лимета (исечена на четвртинки)
5-6 свежи големи листови мента или 10 помали
0,05 лит. газирана минерална вода
една лажица (5 гр) АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

Подготовка: Парчињата лимета и шеќерот ги ставате во чаша од 2,5 дл и ги гмечите со барска лажица или со стапче за гмечење овошје (муддлер). Додајте ги свежите листови мента, па и нив изгмечете ги. Откако ментата ќе пушти арома, наполнете ја чашата до горе со мраз, ставете рум, промешајте ги сите состојки, па додајте ја газираната минерална вода.

*Совет: Мохито е едноставен коктел и коктел кој што се лесно се прилагодува. Доколку вкусот на класичниот рум ви е прејак, можете да додадете некој безбоен или бел рум.