Лосос на јапонски начин

Состојки:
500 г лосос
1/4 лажички сол
1/4 лажички бибер
3 лажички АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер
1 лажичка соја сос
4 лажички сенф
1 лажичка оризов или обичен бел оцет

Подготовка: Лососот исечете го на еднакви парчиња (4-5) и наредете ги во плех обложен со намастена фолија. Потоа лососот посолете го и побиберете го.

Рерната загрејте ја на 200°Ц па ставете го подготвениот лосос на средната решетка и печете 10 минути.

Во меѓувреме, во мала тава ставете го кафеавиот шеќер, соја сосот, сенфот и оцетот и грејте додека да се растопи шеќерот. Пазете да не ви загори шеќерот. Откако ќе го извадите лососот од рерна, прелејте го со претходно подготвениот сос, па вратете го во рерната на горната решетка, загрејте го горниот греач на најјака температура и печете до 2 минути.  Лососот е готов кога ќе поприми убава кафеава боја.