Крем пита од јаболки

Состојки:

2 средни зелени јаболки (150 г), тенко исечени

2 јајца

½ чаши (110 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

2 лажици обично брашно

2 лажици изрендана кора од лимон

1¾ чаша (425 мл) слатка павлака

250 г крем сирење, омекнато

1 лажица мешано суво овошје

¼ чаша (40 г) зрна од грозје

1 лажичка мелен цимет

 

За кора:

1 ¼ чаша (185 г) обично брашно

½ лажичка цимет

¼ чаша (55 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

1 лажичка сода бикарбона

2 лажичка изрендана кора од лимон

125 г путер

1 жолчка

2 лажичка сув ликер Шери

 

Подготовка:

Кора: Измешајте брашно, цимет, шеќер, сода бикарбона, кора од лимон и путер и замесете ги состојките со раце. Изматете жолчка со Шери ликер, па додадете ја во смесата со брашно и добро замесете додека не формирате мазна топка.

Развлечете кора и ставете ја во поплиток калап со димензии 19см x 29см.

Распоредете ги јаболките на кората. Со електричен миксер изматете јајца и шеќер во помал сад додека не добиете густа смеса, потоа постепено додавајте брашно постојано мешајќи. Во смесата додадете кора од лимон, ½ чаша (125 мл) слатка павлака, крем сирење, суво овошје и грозје, а потоа соединете ги.

Излејте го филот преку јаболките и печете 45 минути на средна температура. Изматете ја останатата крема и рамномерно распоредете ја преку колачот. Посипете со цимет.