Котлети во сос од кафеав шеќер

Состојки:
100 г АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер
120 мл сок од јаболки
60 мл растително масло
15 мл соја сос
1 г мелен ѓумбир
малку сол и бибер
5 г густин
120 мл вода
6 парчиња телешки и свински котлети

Подготовка: Загрејте ја скарата на висока температура. Во помало тенџере ставете ги кафеавиот шеќер, сокот од јаболки, маслото, соја сосот, ѓумбирот, солта и биберот и оставете да провријат. Одделно помешајте ги водата и густинот, па додајте ги во загреаниот сос и мешајте додека да се згусне смесата.

Скарата намастете ја пред да ги ставите котлетите. Печете околу 10-12 минути, по 5-6 минути од секоја страна. Непосредно пред да ги извадите котлетите од скарата премачкајте ги со сосот, па послужете ги со преостанатиот сос.