Кокосови бисквити

Состојки:

2 жолчки од јајца

¼ чаша (55 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

1 2/3 (125 г) кокосово брашно

1 белка од јајце

 

Подготовка: Во сад со средна големина изматете жолчки и шеќер во кремаста смеса, потоа додадете кокос.

Со електричен миксер изматете белка од јајце во цврст снег и измешајте ја со смесата со кокос.

Со лажичка одвојувајте полна лажица од смесата и редете ја на намастен плех. Ставете да се пече 15 минути. Потоа намалете ја температурата на минимум, па печете уште 30 минути додека бисквитите не добијат златно кафена боја.