Карамелизирани бадем коцки

Состојки:

1¾ чаша (385 г) АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

2 лажица сок од лимон

1 чаша (160 г) бланширани бадеми

¼ чаша (90 г) јаворов сируп

300 мл слатка павлака

 

Подготовка: Во лонец со средна големина ставете половина чаша (110 г) шеќер и сок од лимон и варете на тивок оган додека шеќерот не се растопи. Варете уште 6 минути без мешање додека шеќерот не потемни, па тргнете го од оган. Додадете бадеми и добро измешајте. Истресете ја смесата на намастен плех и оставете да се излади.

Во голем лонец со подебело дно ставете го останатиот шеќер, сируп и слатка павлака и оставете да проврие на тивок оган со постојано мешање. Намалете го огнот и без мешање варете околу 30 минути, но внимавајте смесата да не се превари.

Во миксер измешајте ја смесата од млечни карамели со бадеми, дел по дел, додека не стане потполно мазна.

Добиената мазна млечна карамела измешајте ја со смесата од слатка павлака и истресете ја во добро намастен плиток калап (19см x 29см) и оставете 10 минути да се излади. Обележете коцки 2,5см x 2,5см и изрежете ги откако карамелот ќе се излади.