Јогурт фрапе

Состојки:
400 г јагоди
100 г АГРАГОЛД шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
400 мл јогурт
200 мл изматена слатка павлака
1 лимон

Подготовка: Измиените и исчистени јагоди исечкајте ги на помали парчиња, па посипете ги со шеќер и ванилин шеќер. Откако сте ги оставиле да постојат половина час, јагодите ќе ги измешате, ќе додадете јогурт, сок од лимон, па постепено ќе ја додадете изматената слатка павлака. Пијалакот сипете го во чаши и ставете ги во фрижидер добро да се изладат.

Послужување: Пред да се послужи, пијалакот повторно промешајте го и украсете го со свежи парчиња овошје и изматена слатка павлака.

*Совет:  Фрапе можете да правите и со некое друго шумско овошје по желба.