Домашна фина вишновка

Состојки:
1 кг АГРАГОЛД бел кристален шеќер
1 кг вишни
1 лит. домашна ракија

Подготовка: Во стаклено шише од 4 лит. се става ред вишњи, ред шеќер и така се реди до пола шише. Содржината се налева со домашна ракија (овошна) и се остава 40 дена на сонце да ферментира.

После 40 дена, ракијата се процедува, се сипа во шишиња и се чува на ладно место.