Видови на шеќер

Во природата се наоѓаат голем број на различни видови на шеќер, па така и во нашата иshрана наоѓаме повеќе различни видови на шеќер. Овде не мислиме на разликите во нивната форма (кристален, коцка и прав) или во нивната боја (бел, полубел, светло кафеав, и.т.н.), туку и на самиот хемиски состав и процесот со кој што настанува.

Какви видови на шеќер разликуваме:

Сахароза

Класичен бел и кафеав шеќер, добиен од шеќерна репка или од шеќерна трска. Сахарозата е дисахарид кој што се состои од молекули на гликоза и фруктоза.

Лактоза

Млечен шеќер, природна состојка на млекото и на млечните производи.

Гликоза

Го носи и називот гроздов шеќер. Се добива од пченкарен скроб или од скроб од компир, а воедно е и една од главните состојки на медот.

Фруктоза

Овошен шеќер од зрнесто и од јаткасто овошје, често во прехрамбената индустрија се користи за засладување на готови производи.

Гликозно – фруктозен сируп

Исто така, познат под името изогликоза. Се произведува од пченкарен и пченичен скроб, а во прехрамбената индустрија често се користи за засладување на пијалаци и конзервирано овошје.

Мед

Природен производ кој што во различни пропорции содржи гликоза, фруктоза, сахароза и малтоза.

Малтодекстрин

Мешавина од шеќер и скроб кој што во прехрамбената индустрија воглавно се користи како средство за згрутчување.

Гликозен сируп

Се добива од скроб и се состои од фруктоза и гликоза. Во производството на слатки често се употребува како врзно средство.

Инвертен шеќер

Кристален шеќер растворен во вода.  Најчесто се употребува при производство на сладолед.