Шеќерната трска наспроти шеќерната репка – Која е разликата?

За да се одговори на ова интересно и често прашање, најдобро е да се погледне историскиот развој на шеќерот и на производството на шеќер во светот и во Европа.

Имено, многумина не знаат дека шеќерната трска е основно растение за производство на шеќер и дека првиот шеќер бил добиен од шеќерна трска. Шеќерната трска прв пат е пронајдена во Индија, односно нејзините слатки карактеристики, каде што и започнала нејзината обработка и производство на денешниот светски омилен засладувач. Со колонизацијата, шеќерната трска подоцна била пренесена и во другите делови на светот, меѓу кои и во Јужна Америка, која станuva главен производител на шеќер. Долги години во Европа се увезувал само шеќер од шеќерна трска.

За време на војните на Наполеон во 18-тиот век, се воведуваат санкции на увозот на прекуокеанска стока во Европа и дури тогаш е пронајден шеќерот, односно сахарозата во шеќерната репка и започнало производство на шеќер од шеќерна репка.

Она што е најинтересно во целата приказна е фактот дека шеќерот добиен од двете растенија, по своите карактеристики, вкус и слаткост, е апсолутно идентичен и од аспект на потрошувачите сосема е неважно дали шеќерот е добиен од шеќерна трска или од шеќерна репка.

Во моментов околу 70% од светското производство на шеќер е од шеќерна трска, а 30% од шеќерна репка. Најголеми светски производители се Бразил, Индија, ЕУ и Кина.

Иако технолошките процеси за добивање на шеќер од овие растенија се многу различни, конечниот производ е идентичен и без никаква разлика во поглед на квалитетот.

Во продолжение кратко се опишани процесите за добивање на шеќер од овие две растенија.