Најчести митови за шеќерот

Мит 1: Шеќер, да, но не секој ден

Шеќерот ослободува серотонин или хормон на среќата и задоволството, како што уште го нарекуваат, кој има низа позитивни ефекти врз човечкиот организам и врз емоционалното здравје. Ако панкреасот работи правилно, една слатка на ден, му користи на доброто расположение и здравје.

Мит 2: Шеќерот предизвикува дебелеење

Шеќерот, како и многу други видови на храна, е богат со јаглехидрати. Внесување на прекумерни количини на јаглехидрати, во било каква форма, без остварување на физичка активност, може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Сепак, многу студии покажаа дека „умерените количини на шеќер“ во диетите, што го ограничуваат внесот на јаглехидрати, немаат негативен ефект во губење на тежината, за разлика од диетите што не вклучуваат рафиниран шеќер. Некои студии покажаа дека кај луѓето што во текот на диетата јаделе повеќе шеќер, а помалку маснотии, како резултат немало зголемување на телесната маса, бидејќи маснотијата дебелее повеќе од шеќерот.

Мит 3: Шеќерот предизвикува дијабетес

Шеќерот не предизвикува дијабетес, според ставовите на Американското здружение на дијабетичари и според многу други научни тела.

Дијабетесот го предизвикува комбинацијата на генетските фактори и на другите фактори на стилот на живеење. Во секој случај, прекумерната телесна тежина го зголемува ризикот од развивање на дијабетес тип 2. Доколку некој има историја на дијабетес во своето семејство, би требало да се придржува до здрави диети и редовна физичка активност.

Мит 4: Шеќерот е штетен за забите

Ова е еден од најстарите митови за шеќерот. Сите јаглехидрати почнуваат да се разградуваат во устата и потоа се претвораат во шеќер. Нашето тело не прави јасна разлика помеѓу различните шеќери, што значи дека од аспект на разградување на храната во устата, сеедно е дали станува збор за бел леб, сендвич или слатка.

Токму заради ова, колку повеќе се забите изложени на храна која ослободува киселини (како што се масти, масла, овошје, млечни производи, тестенини, алкохол, шеќер и сл.), толку поголеми се шансите за добивање кариес. Во некои од триковите за превенција на забите, се вбројуваат употреба на сламки и консумирање на млеко после оброкот.

Мит 5: Шеќерот создава зависност

Точно е дека ниту една намирница не може да создаде зависност.  Овој мит  се базира на фактот дека шеќерот придонесува за зголемување на нивото на серотонин или хормонот на среќата и задоволството, кој ни го зголемува расположението.

Шеќерот има способност да го подобри вкусот на храната со висока хранлива вредност, така што во умерени количини шеќерот претставува едноставно животно задоволство. Со помош на балансирана иshрана и здрави животни навики, како и со мала самоконтрола, сите можеме да уживаме во шеќерот, без чувство на вина.