Добивање на шеќер од шеќерна трска

Добивање на шеќер од шеќерна трска се врши во фабрики, кои што се наоѓаат во близина на подрачјата на одгледување. Причината е тоа што отсечената трска, после жетвата, мора што е можно побрзо да се преработи, за да се одржи шеќерот и за да се избегне намалување на неговата количина, поради дејството на микроорганизмите.

Шеќерната трска како суровина се пречистува, се става под преса и се меле, а потоа се посипува со врела вода за да се извлече сок. Сокот се филтрира, се концентрира со евапорација под низок притисок, а потоа се кристализира. Потоа со цетрифугирање се одвојува од преостанатиот матичен сируп. Во тој момент шеќерот е делумно пречистен и се наоѓа во кристализиран, микробиолошки стабилен облик.

Како масовен може добро да се третира, складира и транспортира за рафинирање во целиот свет.

  • Најважни сегменти за рафинирање на шеќер од сурова шеќерна трска се:
  • растварање на суровиот шеќер
  • пречистување на суровиот сок (сатурација и филтрирање)
  • концентрирање на филтрираниот сок (евапорација)
  • кристализација
  • центрифугирање
  • сушење, ладење и пакување