Чоколадно суфле

Состојки:
120 г путер
120 г чоколадо
2 јајца
2 жолчки
50 г АГРАГОЛД шеќер во прав
1 лажичка лебни трошки

Подготовка: Путерот го растопувате и го тргате од оганот, па го додавате во него искршеното чоколадо. Мешате додека чоколадото не се растопи. Јајцата, жолчките и шеќерот ги мешате со миксер додека не добиете густа смеса. Во смесата ги додавате подготвеното чоколадо и лебните трошки, па сé добро мешате.

Калапите за суфле (4 парчиња) добро ги премачкувате со путер и ги посипувате со брашно. Смесата ја сипате во калапите и ги ставате во рерна загреана на 200°Ц околу 15 минути.

Калапите ги вадите и ги оставате 10 минути да се изладат. Калапите ги превртувате на чинија, ги оставате 1-2 минути да стојат, потоа нежно ги протресувате и суфлето ќе испадне на чинијата. Колачот во средината ќе остане мек.

Послужување: Се посипува со какао и се служи топло или ладно.