Чоколадни пралини

Состојки:
200 мл слатка павлака
50 г какао прав
2 жолчки
120 г путер
100 г АГРАГОЛД шеќер во прав
200 г чоколада за готвење
чоколадни трошки

Подготовка: Слатката павлака се загрева додека да проврие, се додава какаото во прав и добро се промешува. Во врелата смеса се додаваат жолчките, па се тргаат од оган и се меша сé додека не се олади.

Одвоено се мати путерот со шеќерот сé додека не се добие фина смеса, па во неа се додава чоколадата растопена на пареа и оладената смеса со павлаката, какаото и жолчките. Сé добро промешајте и ставете ја смесата во фрижидер добро да се олади.

Од оладената смеса одвојувајте со лажичка и обликувајте топчиња. Обликуваните пралини тркалајте ги во чоколадни трошки и послужете ги во украсни хартиени корпички.

*Совет: Пралините, до послужувањето, чувајте ги во фрижидер.