Чизкејк Њујорк (Cheesecake New York)

Состојки:
85 г мелени бисквити
1 лажица АГРАГОЛД бел кристален шеќер
50 г путер

За кремот:
6 јајца
2 жолчки
170 г АГРАГОЛД бел кристален шеќер
600 г крем сирење за колачи
2 кесички ванилин шеќер
100 мл кисела павлака
2 лажици сок од лимон
2 лажици изрендана кора од лимон

За прелив (глазура):
Јагоди или некое друго овошје
шеќер

Подготовка: Се мешаат бисквитите, шеќерот и растопениот путер, па смесата се истура во калап за торта (ø 24 см). Печката се загрева на 180°Ц и се пече колачот околу 10 минути, сé додека рабовите не почнат да потемнуваат.

Со миксер се матат јајцата, жолчките и шеќерот во густа смеса. Во смесата се мешаат крем сирењето, ванилиниот шеќер, павлаката, сокот од лимон и изренданата кора од лимон. Готовата смеса се истура во калапот со кората од бисквити, па заедно се печат на 220°Ц 25 минути. Потоа се смалува температурата на 150°Ц и се пече уште околу 50 минути. Колачот се вади од печката и се остава потполно да се излади.

Прелив: На тивок оган се варат исечканите јагоди (или друго овошје по желба) со шеќер. Доколку немате свежо овошје, за прелив може да растопите џем од јагоди или од некое друго овошје.

*Совет: При послужување, исечените колачи прелејте ги со овошен прелив за вкусот да биде потполн, припазете на декорацијата и вашиот чизкејк ќе биде совршено слатко освежување.