Браунис (Brownies)

Состојки:
200 г темно чоколадо
200 г АГРАГОЛД Демерера кафеав шеќер
150 г путер
150 г пченично фино брашно тип 550
4 јајца
1 лажичка прашак за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
30 г бадеми

Подготовка: Јајцата пенесто се матат со миксер. Се додаваат шеќерот и ванилин шеќерот, па се мати уште малку. Се додава омекнатиот путер, 150 гр стопено чоколадо, брашно, прашакот за печиво и на крај се ставаат во смесата исечканите бадеми.

Смесата се става во претходно намастена тепсија, па се посипува со остатокот од грубо исечканото чоколадо. Се пече во рерна загреана на 200°Ц околу 25 минути.

Послужување: Исечетe го колачот на коцки и послужете ги по желба, сами или со шлаг или овошје.