Бела алва со бадеми

Состојки:

2 листа (15 см х 20 см) оризова хартија

3 чаши (480 г) излупени бадеми

½ чаша (175 г) мед

1 1/3 чаша (300 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

2 лажици вода

1 белка од јајце

 

Подготовка: Загрејте ја рерната на 180°С. Намастете го калапот за колачи во облик на штангли. Прекријте го со хартија за печење, 5 см преку краевите на подолгите страни на калапот. Ставете еден лист оризова хартија во калапот, исто така 5 см преку краевите на подолгите страни.

Бадемите наредете ги на плех така што секој бадем треба да го допира плехот. Печете во рерна на умерена температура околу 10 минути или додека не потемни. Истурете ги бадемите во голем огноотпорен сад. Во меѓувреме додека се печат бадемите, во помал сад измешајте мед, шеќер и вода и мешајте на тивок оган додека шеќерот не се растопи, внимавајќи смесата да не зоврие. Користејќи четка за мачкање на тесто, натопена во топла вода, премачкајте го внатрешниот ѕид на садот додека целиот шеќер не се стопи.

Оставете сирупот да зоврие и варете во отворен сад без мешање околу 10 минути или додека сирупот не достигне 164°С според термометар за варење на шеќер, потоа веднаш тргнете го од оган. Малку пред сирупот да биде готов, со миксер изматете ја белката од јајце правејќи густа смеса. Полека истурете го топлиот сируп во изматените белки од јајца и постојано матете.

Смесата со шлаг додадете ја во сад со бадеми и мешајте додека се не соедини. Ставете ја со лажица во подготвен калап и добро притиснете ја смесата. Исечете го остатокот од оризова хартија, доволно за да ја прекрие површината на алвата. Оставете да се излади околу 2 часа. Потоа алвата ставете ја во сад што не пропушта воздух и не ставајте во фрижидер. Исечете на парчиња со дебелина од 1 см.

*Чување: Алвата можете да ја направите две седмици однапред и да ја чувате на суво и студено место во сад кој не пропушта воздух.