Амарети (суви колачи со бадеми)

Состојки:

125 г бадемово брашно

1 чаша (165 г) АГРАГОЛД бел кристален шеќер

2 белки од јајце

½ лажици екстракт од ванила

2 капки екстракт од бадеми

бланширани бадеми

 

Подготовка: Изматете бадемово брашно, шеќер, белки, екстракт од ванила и екстракт од бадеми со електричен миксер во сад со средна големина, околу 3 минути. По матењето, оставете да отстои 5 минути.

На плех ставете хартија за печење. Со шприц истискајте ја смесата и правете бисквити во облик на круг со пречник околу 4 см. На бисквитите ставете по еден бланширан бадем.

Печете во рерна на умерена температура околу 15 минути или додека површината на бисквитите не потемни малку. Оставете ги на плехот неколку минути, а потоа одвојте ги од хартијата и ставете да се изладат на решетка од рерната.